И Начевски и Николов стартуваат на ЕП…, литванска судиска двојка за мечот на Македонија со Црна Гора

И најдобрата македонска судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски денеска го стартуваат својот пат на Европското првенство 2022.

Начевски и Николов ќе ја делат правдата на домаќинот на првенството Словачка против Литванија во рамките на Групата Ф.

Натпреварот на Македонија против Црна Гора денеска од 18 часот во „Феникс арената“ во Дебрецин, пак, ќе го суди литванската судиска двојка Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика.

Македонија на дуелот против Црногорците ќе атакува на првата победа на шампионатот со што би ги задржала барем теоретските надежи и за пласман во следната фаза од првенството.

 

Се вчитува...