Данска засилена пред дуелите со Словенија и со Македонија

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Репрезентацијата на Данска ќе биде уште посилна за следните две средби во групната фаза, против Словенија и против Македонија, откако во Дебрецин синоќа пристигна и Ханс Линдберг.

Легендарното крило допатува во Унгарија и им се приклучи на соиграчите, по што беше регистриран од Данците за настап на следните две средби.

За разлика од него, голманот Јаник Грин беше позитивен веднаш по пристигнувањето во Дебрецин, па тој е ставен во самоизолација до добивање на два негативни теста, што значи дека сигурно ќе го пропушти дуелот со Македонија.

Се вчитува...