ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
По преспиената ноќ по оној непосакуван и неочекуван пораз од Црна Гора, Филип Талески останува, како што вели, на констатацијата дека целата екипа одигра срамен натпревар кој треба да ни даде добри лекции за во иднина.
На средбата со македонските медиуми Талески уште еднаш потенцираше дека разочарале со вчерашното издание, но мора да се соберат сили затоа што не чека меч со Данска.
„Останувам на онаа моја кратка констатација по вчерашниот натпревар, а тоа е дека целата селекција одигравме еден срамен натпревар. Но, сега нема враќање назад и мора да се собереме затоа што не чека уште еден меч и да одиграме најдобро што можеме против Данска. Гледаме каков моќен ракомет игра Данска која атакува на злато на европско првенство, и секако е огромен фаворит и против нас. Но, ние секако сакаме да се надигруваме максимално, ако може да одиграме како во Скопје, и низ еден добар и борбен натпревар да дојдеме ако можеме до позитивен резултат“ – вели Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА