Најдобриот српски ракометар се враќа за клучниот меч со Франција

Србија ќе биде значително засилена за денешниот клучен натпревар против селекцијата на Франција, откако на селекторот Џерона на располагање му се стави и Петар Ненадиќ.

Асот на Веспрем поради повреда на мускулот ги пропушти подготовките и првите две средби на овој шампионат, но денеска ќе биде во комбинација за настап против Французите. Српската репрезентација го регистрираше Ненадиќ на местото на Петар Ѓорѓиќ, кој беше позитивен на коронавирус.

Србија го загуби дуелот од Хрватска одигран пред два дена, но избраниците на Герона со триумф над Франција би обезбедиле пласман во следната рунда.

Се вчитува...