Вечерва се одиграа последните натпревари од третото коло на ракометното ЕП од групите Е, Ф и Ц, а репрезентациите на Шпанија и Русија обезбедија сигурен пласман во вториот круг од овој турнир.
Шпанија во групата Е обезбеди три победи од исто толку натпревари, успевајќи со тесен резултат од 28-24 да ја совлада Босна и Херцеговина, која овој турнир го зарши без ниту еден освоен бод. „Црвената фурија“ овој пласман веќе претходно го обезбеди по победите над репрезентациите на Шведска и Чешка. Во тимот на Шпанија се истакна Аугустан Марсело со седум голови, Иван Карачиќ кај БиХ со осум голови.
Русија во групата Ф ја декласираше Словачка со резултат од 36-27, па со голема самодоверба влегува во следната фаза од ракоментото Европско првенство. Русите ја најавија победата уште на почетокот од првото полувреме, демонстрирајќи силен напад и уште посилна одбрана. Ракометарите на Словачка се простија од овој турнир со една и единствена победа над Литванија и два порази. Во таборот на победниците се издвои Сергеј Марк Косоротов со седум голови, кај поразените Џакуб Прокоп со осум гола.
„Коцкестите“ не дозволија изненадување во последниот меч од групата Ц, па со 38-25 ја победија репрезентацијата на Украина. Хрватите завршија работа, но сега ќе чекаат расплет од дуелот меѓу Франција и Србија, меч закажан за вечерва од 20.30 часот. Иван Мартиновиќ со седум гола ја предводеше својата репрезентација, додека Дмитро Артеменко со пет гола се истакна кај поразените. Со евентуална победа на нашиот сосед, Хрватска ќе испадне од ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА