ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Марко Митев денеска го имаше своето деби за сениорската репрезентација на Македонија, откако младиот бек на Бутел доби солидна минутажа и се прикажа во добро светло.
Тој го забележа и првиот гол во сениорската кариера, а по мечот не ја криеше гордоста од дебито во црвено-жолтиот дрес, и тоа против светски ракометен гигант како Данска.
„Ова беше одличен меч за сите нас, Данците беа многу добри, а ние солидно париравме до 45. минута. Македонија покажа добра игра, но верувам дека нашиот тим ќе биде уште подобар во иднина. Да се игра против Данска е голем предизвик, беше прекрасно чувството да се дебитира на ваков меч, уште повеќе што станува збор за дуел од европскиот шампионат. Сакам да му се заблагодарам на селекторот Лазаров што ми укажа шанса и што има доверба во мене“, истакна Митев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА