Егзодус во Германија – Седум позитивни на коронавирус пред мечот со Полска

Селекторот на ракометната репрезентација на Германија, Алфред Гисласон се соочува со големи проблеми пред решавачкиот меч против Полска за првото место во групата Д на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка.

На последното тестирање дури пет ракометари на „панцирите“ се позитивни на коронавирус. Голманот Андреас Вулф е најзвучното име со позитивен тест на ковид-19, а позитивни се и десниот бек Каи Хефнер, централниот бек Лука Вицке, десното крило Тимо Кастенинг и ракометарот кој игра на позиција лево крило, Лукас Мертенс. Претходно во репрезентацијата на Германија позитивни беа Хендрик Вагнер и Јулиус Кун.

Натпреварот меѓу Германија и Полска започнува со почеток од 18 часот, а арбитри на мечот ќе бидат Начевски и Николов.

 

Се вчитува...