Репрезентацијата на Шпанија е освојувач на бронзениот медал на Европското првенство во футсал. „Црвената-фурија“ во малото финале без поголеми проблеми славеше над Украина со 4-1.
Меладо во 11. минута донесе водство за Шпанците, додека во 17. Украинците преку Черниавски израмнија на 1-1. Сепак, само минута подоцна „фуријата“ стигна до ново водство со голот на Солано во 18. минута. Во вториот дел победата беше само потврдена со головите на Бојис во 31. и Адолфо 32. минута.
Финалето во кое ќе се сретнат Португалија и Русија е закажано за 17.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА