Филип Миркуловски беше единствениот македонски репрезентативец што доби пригоден подарок од првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, по повод играњето на последниот меч за националниот тим.
Иако постоеше најава дека тоа ќе биде случај и со Кире Лазаров, селекторот не доби врамен дрес, како јасен предзнак дека би можело да дојде до „промена на планот“ и тој и во иднина да продолжи да го носи дресот на Македонија.
Непосредно пред мечот со Чесите, скопската публика имаше можност да го позрави големиот борец, кој секогаш давал се од себе во настапите за македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА