Мариа Гасама, португалскиот напаѓач ќе настапува во нападот на Тиквеш следната сезона. 22-годишниот Португалец треба да пристигне во Кавадарци на официјализација, иако сите детали се веќе договорени.
Досега настапуваше во кипарскиот шампионат во дресот на Онисилос Сотира, а претходно во португалските нисколигаши Педо Пињеиро и Алкаинс. Тој треба да биде замена за Нгоба кој си замина од кавадаречкиот тим.
Тиквеш, пак, денеска исто така објави дека ги враќа од позајмица своите фудбалери Мартин Тодоров и Кире Митков, и ќе смета на нив идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА