Константин Чешмеџиев за првпат во својата кариера ќе игра во албанскиот шампионат, откако денеска беше промовиран во дресот на Влазнија. Само неколку дена претходно, овој тим се засили и со Дарко Додев од Брегалница.
Стоперот потпиша двегодишен договор со клубот од Скадар, и тој е четвртото засилување за тимот во овој предоен рок.
Чешмеџиев досега настапуваше за Септември Софија, а претходно беше дел од Славија. Играше за Шкупи, Вележ, Шкендија, Академија Пандев, Македонија ЃП, Љубанци, Работнички, Пелистер. Беше дел и од младинските селекции на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА