Играчот на средниот ред Фатјон Јусуфи, нема да игра за Струга ТЛ следната сезона, откако денеска клубот објави дека на играчот му е раскинат договорот, кој важеше до летото 2024 година.
Јусуфи во Струга ТЛ дојде летото 2022 година од таборот на Ренова, кој се откажа од играњето во прволигашката конкуренција. Во дресот на Струга одигра 24 натпревари и запиша 1 гол и 1 асистенција.
„Струга му се заблагодарува на Јусуфи за неговиот придонес во нашиот клуб и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во објвата на Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА