ЕКИПА во Манчестер,
Владимир Булатовиќ
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе и гостува на Англија во третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Избраниците на Боби Милевски денеска го „помирисаа“ легендарниот „Олд трафорд“, стадионот на кој утре ќе се игра натпреварот.
Иако официјалниот тренинг беше закажан за нешто подоцна во денот, поради најавата за силно невреме во Манчестер тој се одржа малку порано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА