Шаќири: Верувам во овие момци и во нов поволен резултат против Англија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе и гостува на Англија во третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Поранешниот македонски репрезентативец и човекот кој го даде најубавиот гол во историјата на македонскиот фудбал токму против Англија, Артим Шаќири вели дека верува во нашите играчи дека можат до нов поволен резултат против големиот фаворит.

„Навивачите во Англија веројатно не ги знаат, но Герет Саутгејт сигурно знае сè за нив. Тоа е нашето трио од средниот ред Адеми, Барди и Елмас. Без сомнение, тоа е најсилниот дел од нашиот тим. Игравме двапати во Англија и двата пати се изборивме за реми. Можеби е време за победа. Се надевам дека нашиот тим ќе победи, но нема да бидам незадоволен и од ново реми. Артим Шаќири постигна спектакуларен гол директно од корнер на „Сент Мери“ и очекувано доби прашање за тој момент. Многу добро се сеќавам на тој натпревар, особено на мојот гол. Кога дојдов до корнер-знаменцето за да го изведам корнерот, сѐ беше така спонтано. Да бијам директно кон голот беше спонтана одлука, наместо да центрирам, се обидов да дадам гол. И топката влезе во мрежата, ние поведовме. Тоа е незаборавем момент. Потоа имавме и 2-1, на крај заврши 2-2, што за нас природно беше одличен резултат, зашто Англија беше така силна со Бекам, Џерард, Сколс, Овен…“, изјави Шаќири. 

Се вчитува...