Борусија Дортмунд влегува во трката за потписот на Елмас

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд влегува во трката за потписот на македонскиот фудбалски репрезентативец, Елјиф Елмас.

Како што пренесуваат германските медиуми поранешниот европски шампион подготвува понуда од 30 милиони евра за услугите на „дијамантот“.

Уште пред скоро еден месец менаџерот на Елмас, Џузепе Гарди објави дека за Елмас има огромен интерес од многу клубови, но не само од Премиерлигата, туку и од шпанската Ла Лига и од германската Бундеслига, а Дортмунд не е првпат да се поврзува со Елмас.

Гарди неодамна објави дека Наполи има приоритет, но каква ќе биде изнината на Елмас ќе се знае по разговор со новиот тренер Руди Гарсија.

Македонскиот репрезентативец има договор со Наполи до 2025 година.

Се вчитува...