Боби Милевски: Не чувствуваме никаков притисок, ова е момент овие момци уште еднаш да го покажат сиот свој квалитет!

ЕКИПА во Манчестер,
Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Боби Милевски пред утрешниот трет натпревар за репрезентацијата во квалификациите за ЕП 2024, овој пат против моќната Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер вели дека ова е дуел за уживање на секој од нашите репрезентативци на кој уште еднаш ќе може да се покаже сиот наш потенцијал демонстриран изминативе години на фудбалските терени ширум Европа.

„Ваков натпревар играте можеби еднаш во своите кариери, играчки или тренерски. Затоа е секогаш посебен кој носи момент за вечно паметење. Затоа за овие момци останува утре на терен да го покажат својот потенцијал, и да уживаат во секој одигран миг. Сите тие изминативе години покажаа дека имаат сили, знаење и потенцијал да се надигруваат со секоја квалитетна репрезентација, па верувам така ќе биде и утре против Англија“ – истакна Милевски на прес-конференцијата на „Олд Трафорд“.

Изминативе денови поради болест и мали повреди имаше проблеми со Енис Барди Дарко Велковски. Но,…

„И дајцата се подготвени и се радувам што ќе бидат во комбинација за настап за утрешниот дуел. Висар Муслиу сигурно ќе недостасува, но сигурен сум дека имаме квалитет кој успешно ќе го замени“.

Колку се извлечени поуки од дуелот против Украина и оние две сосема различно одиграни полувремиња?

„Не може да не бидам задоволен од изданието на момците против Украина. Да, анализирани се одредени моменти и извлечени се заклучоци кои верувам на сите ни помогнаа. Сега на нив е уште еднаш да го покажат својот квалитет на терен, и убеден сум дека ќе биде така. Немаме никаков притисок. Не чувствуваме никаков притисок затоа што играме против една моќна селекција како Англија. Верувам дека ќе уживаат и успешно ќе се покажат против можеби едни од најдобрите во Европа. Не треба да трошиме за квалитетот за Англија, дали индивидуален или тимски, дали се работи за репрезентативниот или клупскиот фудбал на Островот. И затоа нас ќе ни биде чест и задоволство да одиграме против селекција како Англија. Секако, уште поголемо задоволство ќе ни биде ако дојдеме до позитивен резултат на крај“ – рече македонскиот селектор.

Се вчитува...