ТОП 3 моменти од пресметките со Англичаните: Голот на Шаќири од корнер, тактиката на Катанец и погодокот на Христов

Македонија има четири официјални натпревари досега во историјата со репрезентацијата на Англија, притоа со две ремија и два порази.

Интересно, двата порази се на домашен терен во Скопје. Македонија досега нема пораз на англиско тло, по ремито (2-2) во 2002 година во Саутемптон, и она без голови во Манчестер во 2006 година кога предводени од Среќко Катанец одигравме квалитетен натпревар на „Олд Трафорд“.

Овој пат, ги издвојуваме, се чини, најважните три моменти од пресметките со Англичаните…

1.ГОЛОТ ОД КОРНЕР НА АРТИМ ШАЌИРИ ВО САУТЕМПТОН

Погодокот на Артим Шаќири директно од корнерот во 2002 година среде Саутемптон е без сомнение највпечатливиот момент кој не поврзува со пресметките со Англичаните. Гол кој дефинитивно засекогаш ќе остане запишан во аналите на македонскиот репрезентативен фудбал. Тогаш во Саутемптон вториот гол за Македонија, која беше предводена од Никола Илиевски – Џиџи, го постигна Ванчо Трајанов.

2. ГОЛОТ НА ЃОРЃИ ХРИСТОВ ЗА ЕРУПЦИЈА НА „ГРАДСКИ“

На 6. септември 2003 година Македонија одигра исто така квалитетен натпревар со Англија на нашиот најголем стадион во Скопје. Вистинска еуфорија тогаш предизвик голот на Ѓорѓи Христов во 27. минута за водство од 1-0. Сепак, радоста ни беше скратена во второто полувреме кога Дејвид Бекам и Вејн Руни погоди за Англичаните за пресврт победа од 1-2.

3. КАТАНЕЦ ГО НАДМУДРИ МЕКЛАРЕН НА „ОЛД ТРАФОРД“

Одличен натпревар македонската селекција одигра и во октомври 2006 година на гостувањето на „Олд Трафорд“ во квалификациите за ЕП 2008. Ќе остане запаметена тактичката поставеност на селекторот Сречко Катанец кој целосно го надмудри колегата од спротивната страна Стив Мекларен.

Тогаш во составот на Македонија на клупата за резервни играчи на „Олд Трафорд“ беше и актуелниот тренер на голманите во стручниот штаб на Боби Милевски, Томе Пачовски.

Се вчитува...