Досегашниот фудбалер на Скопје, Анид Абази, во новата сезона ќе ги брани боите на новиот прволигаш Гостивар. Абази ќе остане запаметен по оној гол со кој го урна тогашниот шампион Шкупи.
Тој во минатото беше дел од Шкупи, од каде и потекнува, но минатата сезона ја мина на Автокоманда.
Тимот на гостивар има сериозни амбиции за следната сезона. Досега овој тим се засили со Џелил Абдула, Зехрудин Мехмедовиќ, Мустафа Мујезиновиќ и Пепи Ѓоргиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА