„Не се согласувам дека фудбалерите се разгалени, туку само емотивно потрошени од Украина“

ЕКИПА во Манчестер,

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл вечерва на „Олд трафорд“, понижена и декласирана од Англија со 7-0 како никогаш досега од ниту еден противник.

Дел од јавноста е свесна дека дел од фудбалерите во последно време „летнаа“ малку во облаци, но селекторот Милевски не сакаше да одговори на ова прашање, туку изјави само дека емотивно биле потрошени по поразот од Украина.

„Мислам дека добар дел играчи емотивно се потрошија по мечот со Украина и оној начин на кој загубивме. Можеби и менталниот склоп влијаеше за ваков пораз. Факт е дека со Украина одигравме одлични 60 минути, но очигледен е и физичкиот недостаток поради (не)игрите во своите клубови, но нас тука рацете ни се врзани. Англија е можеби две нивоа над нас и лесно ги користи тие недостатоци кај нас. Атмосферата во тимот е беспрекорна. Воопшто немаме и сме немале негативен момент. И од тој аспект нема никаков проблем. Но кога ќе ви се случат моменти како оној со Украина, тогаш следи пад на самодовербата и перформансот.“, изјави Милевски. 

Се вчитува...