ЕКИПА во Манчестер,
Владимир Булатовиќ
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл вечерва на „Олд трафорд“, понижена и декласирана од Англија со 7-0 како никогаш досега од ниту еден противник.
Македонскиот селектор Боби Милевски на прес-конференцијата беше запрашан дали во некој момент од мечот размислувал и да се повлече од репрезентацијата погледнувајќи го односот на репрезентативците на терен. Милевски вели дека би бил кукавица доколку го направи тоа во овој момент.
„Се согласувам дека ми проаѓа низ глава да се направи и одреден рез во репрезентацијата. Мислам дека одредени играчи се чувствуваат заситени со националниот тим, а секој кога ќе дојде во репрезентацијата треба да се наежи во националниот дрес. Но јас сум тој кој ја презема одговорноста… Но, и покрај тоа нема да се откажам на првата препрека. Ќе бидам најголема кукавица ако се повлечам. Нема да се повлечам на првата потешкотија. Напротив, секако ќе има многу анализи и ќе мора да се најдат решенија за да го надминеме ова затоа што ќе повторам дека играчите се истите оние кои ја победија Италија, јас сум истиот…. А што се случи дополнително секако ќе има анализи и решенија. А решенијата се две. Или, или…!“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА