Maкедонскиот фудбалски прволигаш Шкупи објави дека постигнал договор со турскиот дефанзивец, Емир Јазичи во следните две години.
Станува збор за 22-годишен фудбалер, кој бил дел од младинската школа на Трабзонспор, а до неодамна настапувал за екипата на Кушадасиспор. Јазичи ги помина сите возрасни групи во Трабзонспор, додека за прв пат на 19-годишна возраст беше префрлен во Карагумрук.
Во кариерата имаше играно и за неколку други екипи во Турција, додека трансферот во Шкупи ќе биде прв за него надвор од татковината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

