„Во Реал Мадрид фрлавме пикадо на постери од Меси и другите играчи на Барселона“

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Ројстон Дренте открива интересни детали од времето додека беше дел од кралскиот клуб. Тој беше дел од Реал во периодот од 2007 до 2010 година.

Рече дека ја мразел Барселона, и дека на една недела пред Ел-Класико, тој и останатите играчи на Реал Мадрид фрлале со пикадо на постери од Меси и другите играчи.

„Кога бев во Реал Мадрид, ја мразев Барселона. Сите играчи една недела пред Ел-Класико закачувавме постери од играчите на Барселона во соблекувалната, на Меси и другите играчи и фрлавме пикаво во нив“, рече Дренте.

Се вчитува...