Кристијано Роналдо го продолжува своето голгетерско шоу во Саудиска Арабија откако големиот ас се запиша меѓу стрелците и на вечерашниот дуел меѓу Ал Наср и Шабаб што заврши без победник 2-2. Се играше судиското продолжение од првото полувреме кога Кристијано извонредно избегна офсајд-замка, за потоа со маестрален удар од минимален агол да ја смести топката во мрежата.
Помошниот судија најпрвин го крена знаменцето, но ВАР-снимките потврдија дека Роналдо не бил во офсајд, по што Португалецот го прослави својот 926. гол во кариерата.
Она што е исто така интересно, Роналдо со вечерашниот погодок сега има идентичен број на голови до 30-годишна возраст (463) како и од 30. роденден па се до ден денеска.
LE 926E BUT DE CRISTIANO RONALDO !!!!!
VALIDÉ PAR LA VAR APRÈS VÉRIFICATION !!!!!pic.twitter.com/Bffkr7QUPD
— Gio CR7 (@ArobaseGiovanny) March 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

