Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери повтори дека приоритет за неговиот тим е англиското првенство, и покрај победата од 3-1 над Бриж во првиот меч во Лигата на шампионите и со тоа екипата од Бирмингем е пред пласман во 1/4 финалето во најелитното европско натпреварување.
Астон Вила не е најдобро пласирана во првенството, па за трофеј ќе имаат шанса да се натпреваруваат домашниот Куп, каде ќе ги одмерат силите со Престон во 1/4 финалето, а имаат натпревар против Брентфорд во гости во Премиерлигата.
„Нашиот предизвик е да се бориме. Секогаш сум велел и ќе велам дека Премиерлигата е за нас прва цел. Од првиот ден инсистирам на тоа, и нема да се промени ништо“, рече Емери.
„Нашиот главен турнир е Премиерлигата. Имаме и други натпреварувања, но мораме да сепоставиме за да бидеме добри, да ги оствариме нашите цели. Во секој натпревар сакаме да се прикажеме на највисоко можно ниво. Покрај се сакам да се развиваме и колеквитно, и индивидуално“, рече Емери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

