На легендарниот англиски фудбалер му се слошило за време на лет, авионот морал итно да слета

Легендарниот англиски фудбалер Стјуарт Пирс ја загрижи цела Англија поради драмата што ја доживеа на прекуокеански лет. На поранешниот дефанзивец му се слошило за време на летот, а медицинските служби морале да реагираат. За да му пружи помош на Пирс, авионот принудно слетал во Сент Џонс, Канада. Патниците пристигнале во Лондон шест часа подоцна.

Во моментов е познато дека Пирс се опоравува во болница.

Пирс во кариерата играше и за Велдстон, Ковентри, Њукасл, Вест Хем и Манчестер Сити. Како тренер ги водеше Манчестер Сити и Нотингем Форест, а беше и тренер на младинската репрезентација на Англија. Накратко работеше како вршител на должноста селектор на англискиот тим А во текот на 2012 година.

Се вчитува...