Анчелоти: Перез не бара ништо посебно од мене, освен победи и трофеи

Напорниот распоред на Реал Мадрид продолжува со домаќинот на неговиот градски ривал Рајо Ваљекано во натпревар од Ла Лига во недела од 17:15 часот. Овој натпревар е меѓу двајцата во Лигата на шампионите против далеку посериозниот мадридски противник – Атлетико Мадрид.

Реал со само една победа во последните пет кола повеќе не е лидер. Карло Анчелоти рече дека тимот ќе ја врати старата форма и повторно ќе победува, а со тоа и ќе ја продолжи битката за титулата во Ла Лига, како и во Лигата на шампионите.

„Натпреварот со Рајо ни е многу важен. Играме против организиран и храбар тим. Ќе не натераат да играме на највисоко ниво, и мораме да бидеме подготвени за тоа. Разочаран сум од мечот со Бетис, не оечкував таков пад, но ова беше изолиран случај. Подготвени сме да ја продолжиме битката на сите турнири. Веќе сме блиску до финале во Купот, имаме предност во ЛШ, а блиску сме и до врвот на Ла Лига“, изјави Анчелоти.

Тој објасни што од него бара претседателот Флорентино Перез.

„Не сака ништо посебно од мене, освен победи и титули“, рече во насмевка тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...