Се одложува мечот Барселона – Осасуна, починал докторот на Каталонците

Иако нема официјални информации, мечот од шпанската Ла Лига кој требаше да се игра во „Монжуик“ би можел да биде одложен. Причината е поради смрт на еден од медицинскиот тим на Барселона, непосредно пред денешниот меч против Осасуна.

Трагична вест ја погоди екипата на Барселона, која побарала одложување на натпреварот.

Двата тима пристигнаа на Олимпискиот стадион „Монжуик“, излегоа на загревање, но многу брзо беа повлечени во соблекувалната.

Се вчитува...