Вулверхемптон и Евертон си поделија по бод (ВИДЕО)

Последниот натпревар денеска на програмата помеѓу Вулверхемптон и Евертон, заврши без победник 1-1. Се беше решено за седум минути во првото полувреме, кога Евертон поведе, а потоа Вулверхемптон израмни, и до крајот на мечот немаше голови.

Харисон во 33. минута го однесе гостинот во предност, а Мунеци во 40. минута од средбата успеа да донесе „симетрија“.

Најдобрата шанса во вториот дел ја имаше Евертон, кога Бето од супер позиција шутираше, но голманот Са му го одбрани ударот. „Волците“ се заканија преку САрабија, но неговиот удар заврши над голот.

Се вчитува...