Српскиот репрезентативец и член на Ал Хилал, Александар Митровиќ е примен во болница во Ријад поради забрзан пулс, објавија саудиските медиуми.
Митровиќ се врати на теренот по долгата пауза и постигна гол во петочната победа од 2-0 против Ал Фејха.
Саудиските медиуми објавија дека Митровиќ бил примен во болницата Ал-Хабиб во Ријад и дека лекарот рекол дека на српскиот фудбалер „срцето му забрзало поради физички стрес“.
Митровиќ паузираше речиси два месеци поради проблеми со тетивата, а оваа сезона за Ал Хилал постигна 21 гол и имаше три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

