Реал Мадрид се соочува со проблеми поради повредите на тројца клучни свои фудбалери пред реванш дуелот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Според шпанските медиуми, Винисиус Јуниор доживеал удар во палецот на десната нога, додека Џуд Белингам го повредил десниот бут. Родриго, пак, доби удар во метатарзалната коска на левото стапало, со која претходно имаше проблеми, па и на тројцата им следи интензивна рехабилитација да бидат подготвени за дуелот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите за два дена.
Добрата вест е што повредите на прв поглед не изгледаат сериозни, па во најдобро сценарио сите тројца играчи би можеле да бидат во игра за натпреварот против Атлетико. Сепак, се ќе биде сигурно потврдено дури откако ќе бидат извршени деталните лекарски прегледи закажани за денеска.
Во првиот меч Реал победи со 2-1, па ќе брани минимална предност на гостински терен против градскиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

