Брантвајт со ултиматум до Евертон: Или ќе бидам најплатениот фудбалер во тимот или заминувам

Дваесетидвегодишниот англиски стопер на Евертон, Џерод Брантвајт се прослави со одличните настапи во Премиерлигата и го примами интересот и на најголемите европски гиганти како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кој со оглед на годините го гледаат како долгорочно решение.

Поради тоа се подготвени и да издвојат 70 милиони евра за ангажман, но и покрај примамливата сума клубот од „Гудисон Парк“ не сака да остане без неговите услуги.

Но, за да го задржи во тимот ќе мора да ја исполни неговата желба да заработува 150 илјади фунти неделно, што би го направило најплатениот фудбалер во екипата.

Договорот на Англичанецот истекува во 2027 година, но многу извесно е дека разврска околку неговиот случај се очекува престојното лето.

Се вчитува...