Збогум Најк: Луверпул во новата сезона има нов спонзор

Актуелниот лидер на Премиерлигата, Ливерпул од следната сезона ќе настапува во дрес произведен од популарната германска компанија „Адидас“ со која вклучи повеќегодишен договор.

Станува збор за соработка која ќе се одвива во следните пет години и ќе донесе профит од 70.9 милиони евра по сезона, објавија медиумите во Велика Британија.

Славниот англиски клуб и во минатото носеше „Адидас“ од 1985 до 1996 година и од 2006 до 2012 година.

„Сите во клубот се многу возбудени што повторно ќе го интегрираат Адидас во семејството на Ливерпул. Уживавме заедно во големите успеси во минатото и создадовме некои од најнезаборавните дресови во историјата на клубот“, изјави извршниот директор на Луверпул, Били Хоган.

Се вчитува...