Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа беше исклучен од игра на натпреварот против Гетафе по остар старт во 86. минута за кој првенствено доби жолт картон, но по интервенција на ВАР му беше покажан црвен.
Кореа жестоко реагираше на судиската одлука па упати жестоки пцовки кон судијата Фернандез нарекувајќи го кучкин син и олош, како што е наведено во записникот за натпреварот.
Аргентинецот подоцна јавно се извини преку социјалните мрежи, но и покрај тоа му се заканува казна од пет натпревари. Еден натпревар ќе пропушти поради црвен картон, а четири поради навреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

