Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, изјави дека некои фудбалери „не се доволно добри“ за клубот, а некои од нив се „преплатени“ Тој ги спомна играчите како Касемиро, Расмус Хојлунд, голманот Андре Онана, Антони и Џејдон Санчо, кои се на позајмица во други клубови, како фудбалери кои немаат квалитет или се преплатени.
На прашањето дали сугерира дека тие фудбалери не се доволно добри за Манчестер Јунајтед, тој одговори.
„Некои од нив не се доволно добри, а некои веројатно се преплатени, но за да се формира тим за кој ние сме целосно одговорни, ќе треба време. Како што знаеме, имаме одлични играчи во тимот, капитенот е одличен фудбалер. Дефинитивно ни треба Бруно, тој е фантастичен фудбалер”, рече Ретклиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

