Манчестер Јунајтед во последните месеци крати трошоци буквално на сите полиња, па затоа изненадувачка е денешната објава со која англискиот гигант ја најави изградбата на новата фудбалска арена со капацитет од над 100.000 седишта.
Веќе подолго време се шпекулира дека „Олд Трафорд“ би можел наскоро да замине во историјата, а со новиот проект на ко-сопственикот Даниел Ретклиф ќе се урне стариот стадион, а новиот ќе се изгради на земјиштето што клубот веќе го поседува во непосредна близина на „Театарот на соништата“.
„Со тоа што новиот стадион ќе го изградме во непосредна близина на постоечкиот, ќе го сочуваме она што Олд Трафорд претставува за клубот, а истовремено ќе им овозможиме на навивачите сосема поинаков настан на само неколку чекори од нашиот историски дом“, објави Манчестер Јунајтед, напоменувајќи дека вкупната вредност на проектот ќе ја надмине границата од две милијарди фунти.

На чело на новиот проект се наоѓа токму Даниел Ретклиф, а дел од работната група задолжена за негова реализација е и Градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам, како и клупската фудбалска легенда Гери Невил.
Не земјиштето покрај стадионот ќе биде изграден и бизнис-комплекс, а оптимистичките планови велат дека ќе биде обезбеден дополнителен прилив на британската економија во висина од 7,3 милијарди фунти годишно, а ќе бидат вработени нови 92.000 работници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

