Еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, Сер Џими Ретклиф во интервју за „Би-би-си“ говореше на повеќе теми, а една од нив беше и легендарниот тренер на клубот од „Олд Трафорд“, Сер Алекс Фергусон кој неодамна беше отпуштен од вршење на улогата амбасадор на тимот.
Ретклиф детално ја опиша целата средба со Фергусон изјавувајќи дека има голема почит кон него бидејќи се уште го става клубот пред себе.
„Му симнувам капа на Фергусон. Седнав да разговарам со Алекс насамо и му кажав дека клубот не е во ситуација во која тој мисли дека е. Трошиме многу повеќе отколку што заработуваме и доколку не го промениме тоа ќе пропаднеме. Искрено, не можеме да продолжиме да те плаќаме по две милиони фунти годишно. Ти оставам на тебе да донесеш одлука, ти размисли“, го открива разговорот Ретклиф.
„Неговата реакција беше многу зрела, и покрај тоа што прво малку негодуваше. Повторно се сретнавме три дена подоцна, по разговор со својот син и ми кажа: „Добро, нема да ја вршам мојата функција. Тоа е мојата одлука“. Тоа отсликува каков е Алекс – го става клубот на прво место без обѕир на своите интереси“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

