Манчестер Јунајтед размислува да го ангажира 20-годишниот напаѓач Саму Омородион од Порто. Според информациите од Англија, „црвените ѓаволи“ планираат да ја активираат ослободителната клаузула од 84 милиони фунти во текот на летниот преоден рок.
За да се реализира трансферот, Англичаните ќе мора да се разделат со некои играчи од нивниот сегашен состав. Само на овој начин тие можат да ги почитуваат правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА. Најверојатно некој меѓу Расмус Хојлунд и Џошуа Циркзи ќе мора да ги спакува куферите од Олд Трафорд за да направи простор за новиот напаѓач.
Исто така овој трансфер е можен ако пропадне можноста за ангажман на првиот пик на „Црвените ѓаволи“ Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон. Тренерот Аморим силно инсистира на трансфер на Ѓокереш, но ако до тоа не дојде, тогаш една од опциите е Омородион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

