Струга со лесен триумф над Охрид во генералката пред новата сезоа

Фудбалерите на Струга ТЛ стигнаа до рутински триумф од 3-0 над Охрид, во генералката што поранешниот првак ја имаше во пресрет на стартот на новата сезона закажан за следниот викенд.

Тренерот Бледи Шкемби имаше можност да ги види на дело своите избраници, задоволен од она што стружани го прикажаа на денешниот дуел. Ласана Диако беше фудбалерот што го отвори резултатот во првото полувреме, а во вториот дел меѓу стрелците се запишаа и Компаоре и Арби Воша.

Струга ТЛ одигра седум натпревари во овој подготвителен период, при што поранешниот шампион на Македонија забележа четири победи, две реми и еден пораз.

Стружани во првото коло од новата сезона наредниот викенд ќе го пречека составот на Македонија ЃП.

Се вчитува...