Ова се најновите вести во трансфер пазарот денеска, кој се затвора до вечерва.
- Виктор Бонифејс, фудбалерот кој вредеше 70 милиони евра минатата зима кариерата ќе ја продолжи во Вердер!
- Галатасарај е многу блиску до ангажман на Илкај Гиндоган од Манчестер Сити
- Баер Леверкузен се засили со аргентинскиот фудбалер од средниот ред Гонзалез. Тој доаѓа од Ал-Кадисија за 30 милиони евра
- Освен со Исак, Ливерпул се засили и со Марк Гехи. Повеќе на следниот ЛИНК.
- Челси официјално го објави потпишувањето на договорот со офанзивниот играч за врска на Брајтон, Факундо Буонаноте
- Баерн Минхен и Челси се договорија. Николас Џексон оваа сезона ќе ја мине во Минхен како позајмен, со можност за перманентен трансфер
- Манчестер Јунајтед го информираше го информирале Коби Мајно дека нема никаква шанса за трансфер во друг клуб
- Швајцарскиот стопер Мануел Аканџи е блиску до потпис со Интер. Договорот е на позајмица една сезона, со можност за откуп за 15 милиони евра на крајот на другата сезона. Клаузулата ќе биде активирана ако Швајцарецот одигра повеќе од 50% од натпреварите во Серија А и ако Интер го освои Скудетото
- Донарума е само чекор до потпис со Манчестер Сити. Ги минува лекарските прегледи во Фиренца, и потпишува за „граѓаните“, а потоа ќе продолжи со италијанската репрезентација
- Откако не се случи трансферот на Емилијано Мартинез во Манчестер Јунајтед, сега аргентинскиот чувар на мрежата е блиску до Галатасарај
- Астон Вила се засилува со играчот на Ливерпул, Харви Елиот
- Тотенхем е блиску до договор со Рандал Коло Муани, кој ќе дојде како позајмен од ПСЖ откако не остана во Јувентус
- Интер го одби Олимпик Марсеј за Павар. Францускиот тим сакаше да го позајми на една година, но од таборот на европскиот вицепрвак ја одбија таа можност
- Милан се откажа од Џо Гомез од Ливерпул, затоа што нема време за реализација на трансферот
- Манчестер Јунајтед донесе нов голман. Повеќе ТУКА.
- Играчот на ПСЖ, Карлос Солер пристигна на потпис со Реал Сосиедад
- И покрај тоа што беше трансфер мета на Милан и на Челси, на крајот напаѓачот на Спортинг Лисабон, Конрад Хардер ќе биде промовиран во германскиот тим Лајпциг
- Милан и Рома продолжуваат со преговори за размена помеѓу Сантијаго Хименез и Артом Довбик, соопштуваат италијанските медиуми
- Александар Исак пристигна во Ливерпул. Во моментов траат медицинските прегледи, а потоа потпис и промоција
- И натаму траат преговорите помеѓу Никлас Џексон и Баерн Минхен. Играчот има големи шанси да биде дел од германскиот гигант, и покрај инсистирањето на Челси да се врати во Лондон поради повредата на Делап. Повеќе на следниот ЛИНК.
- Џанлуџи Донарума е блиску до трансфер во Манчестер Сити, а Едерсон на пат кон Истанбул. Повеќе ТУКА.
ЕВЕ КОГА СЕ ЗАТВОРА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ ВО ТОП 5 ПРВЕНСТВАТА ВО ЕВРОПА:
Англија – 20:00 часот (по македонско време)
Шпанија – 11:59 часот
Италија – 20:00 часот
Германија – 20:00 часот
Франција – 20:00 часот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

