Пелистер потврди: Повредата на Брестовац не е сериозна

Повредата што Давид Брестовац ја заработи на вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер не е од посериозна природа, потврди доцна синоќа битолскиот клуб.

Брестовац настрада по една извонредна интервенција кога на него налета ракометарот на Вардар што шутираше, а првите прогнози беа дека станува збор за сериозен проблем со коленото. За среќа, деталните прегледи не покажаа оштетување на лигаментите, по што стана јасно дека и паузата на младинскиот репрезентативец од терените нема да биде премногу долга.

„Повредата на Давид Брестовац не е сериозна, Давид ќе се врати на терените за 14 дена“, објави Е. Пелистер на официјалната фејсбук-страница.

Се вчитува...