Переира во голем стил се врати на тронот во УФЦ (видео)

Алекс Переира е новиот шампион во полутешка категора во УФЦ откако во извонредна борба славеше над Магомед Анкалаев. Со оваа победа Бразилецот Переира се врати на тронот, и тоа само седум месеци по поразот од истиот ривал, покажувајќи дека во моментов сепак е подобар борец од Дагестанецот.

Се очекуваше неизвесност, но борбата траеше помалку од 90 секунди, Переира успеа да го турне Анкалаев на подот, по што следеше серија брутални удари.

Судијата остави десетина секунди Анкалаев да се обиде да стане, но откако стана јасно дека тоа е невозможно, ја прекина борбата и му ја додели победата на Алекс Переира.

Се вчитува...