Реми на дербито: Милан може да жали што не го победи Јувентус

Јувентус и Милан ремизираа 0-0 во последниот натпревар од 6. коло во Серија А, откако мрежите мируваа во ситуација во која и двете екипи имаа свои шанси да стигнат до победата.

Јуве беше за нијанса подобар во првото полувреме, но слабата форма на Дејвид беше пресудна канадскиот голгетер да не реагира најдобро во клучните моменти. „Старата дама“ најубавата шанса ја имаше на стартот од второто полувреме кога топката по една мешаница стигна на работ на петерецот до Гати, но Мењон со неверојатна одбрана го запре обидот на дефанзивецот на Јуве.

Од тој момент гостите ја презедоа контролата, добија и пенал за да стигнат до водство, но Пулишиќ го промаши голот од 11 метри. Милан имаше уште две убави шанси до крајот, но Леао не се снајде најдобро и „росонерите“ мораа да се задоволат само со еден бод на ова тешко гостување.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...