Словенецот Цирар раскина со Охрид

Екипата на Охрид го загуби вчерашното дерби во Битола од Е. Пелистер, а веќе денеска охриѓани информираа и за промени во играчкиот кадар. Десното крило Гал Цирар повеќе не е дел од охридскиот суперлигаш откако денеска беше спогодбено раскинат договорот што беше со важност до крајот на сезонава.

Цирар пристигна во Охрид во јануари 2023 година и беше меѓу водечките играчи во тимот во претходните сезони. Сепак, ситуацијата се смени сезонава откако Србинот Ѓукиќ добиваше предност на натпреварите, по што словенечкиот интернационалец реши среќата да си ја побара на друго место.

„ГРК Охрид ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со словенечкиот интернационалец Гал Цирар кој неколку сезони успешно го носеше дресот на нашиот клуб.

Му благодариме на Цирар за се што направи за ГРК Охрид и му посакуваме успех во неговата натамошна кариера“, објавија охриѓани на официјална фејсбук-страница.

Се вчитува...