Потпретседателот на ЕХФ уапсен во Црна Гора

Потпретседателот на европската куќа на ракометот ЕХФ, Предраг Бошковиќ, денеска е уапсен по налог на Јавното државно обвинителство во Црна Гора во истрага за криминална група која според обвинителството е организирана од извесен бизнисмен.

Во оваа истрага притвор е одреден и за споменатиот бизнисмен и за поранешниот шеф на контраразузнавачката служба.

Инаку, Предраг Бошковиќ е поранешен министер за одбрана на поранешната југословенска држава и некогашен функционер на Демократската партија на социјалистите.

Се вчитува...