Кил остана без најдобриот стрелец, Данецот нема да игра против Македонија на ЕП

Најдобриот стрелец на Кил од ланската сезона, Емил Мадсен, ќе отсуствува најмалку три месеци од терените и нема да може да настапи за Данска на претстојното Европско првенство на почетокот од 2026 година.

Мадсен се пожалил на болка во десното колено и воопшто не тренираше изминатата седмица, а деталните прегледи покажале проблем со рскавицата порди што ќе мора да претстои подолг рехабилитациски период. Како што информираа од Кил, направен е избор Мадсен да не оди на операција, се со цел десниот бек да има што подолга кариера.

Данецот е третиот ас на Кил што ќе мора подолго да паузира од терените, по голманот Гонзало Перез де Варгас и пивотот Хенрик Пекелер.

Воедно, Мадсен речиси сигурно ќе го пропушти европскиот шампионат закажан за јануари 2026 година, каде Данска е еден од ривалите на македонската репрезентација во првата фаза што ќе се игра во Хернинг.

Се вчитува...