Екипата на Охрид е максимално подготвена за европскиот предизвик и настапот во ЕХФ Купот, каде охриѓани за противник ќе го имаат азербејџанскиот претставник Баки.
Јасно е дека Охрид е апсолутен фаворит, тимовите се договорија двете средби да се одиграат во Охрид викендов, а тренерот Борис Ројевиќ не крие дека очекува пласманот во следната фаза да биде осигуран уште по првите 60 минути игра во салата „Билјанини извори“.
„Би сакал да ги повикам нашите навивачи да дојдат и да ни дадат поддршка на овој двомеч. Овие момци заслужија поддршка со сето она што го прикажуваат. Не криеме дека имаме високи амбиции во ЕХФ Купот и едвај чекаме да почнеме в сабота. Баки е можеби непознаница, ама имаме некој материјал и успеавме да се подготвиме за средбата. Момците со сигурност сите ќе бидат на високо ниво и ќе бидат мотивирани за уште во првиот дел да го решиме прашањето за победникот“, вели Ројевиќ.
Српскиот стратег на чело на Охрид потенцира дека за него клуч за успех секогаш ќе биде цврста одбрана…..
„Задоволен сум, имаме квалитет, подобро работиме и велам дека секогаш одбраната носи резултати. Со добра и пожртвувана одбрана можеме да добиеме многу. Треба уште некое време за она што го работиме да „легне“, не оди ништо брзо, но од натпревар во натпревар се гледа подобрување. Барам од навивачите само да веруваат во нас, а ние ќе возвратиме со многу работа и ќе го израдуваме Охрид“, изјави Ројевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

