ИН МЕМОРИАМ: Почина Илија Темелковски

На 72-годишна возраст почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот.

„Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски“, стои во соопштението на РФМ.

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела).

Се вчитува...