Молдавски судии ќе бидат задолжени за делење на ракометната правда на дуелот од првото коло од групата Б на ЕП 2026 меѓу селекциите на Данска и на Македонија, закажан за 16 јануари во Хернинг.
ЕХФ денеска ја објави листата на судии за првото коло од европскиот шампионат, при што Молдавците Алексеј и Игор Ковалчиук беа избрани за нашиот дуел со главниот фаворит за златниот медал.
Откако Начевски и Николов неочекувано „во пет до дванаесет“ беа отстранети од судиската листа за овој европски шампионат, Македонија остана со една судиска двојка за ЕП 2026 – Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Битолските судии своето деби на големите натпреварувања ќе го имаат на мечот од групата Е што ќе се игра во Малме на 17 јануари, меѓу домаќинот Шведска и селекцијата на Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

