Германија сигурна на стартот на ЕП, Норвешка доминантна против Украина

Првиот ден на Европското првенство не донесе изненадувања па така по Франција и Шпанија, фаворитската улога ја потврдија и Германија и Норвешка кои славеа над Австрија, односно Украина со 30-27, односно 39-22.

Германците подобро го започнаа натпреварот и поведоа со 5-2, а и покрај тоа што Австрија се врати во игра и изедначи на 6-6, следеше нов период на игра во серијата на Германија за позитива од четири голови на полувремето (12-8).

Австриците не дозволија противникот уште во воведот на второто полувреме да се „одлепи“, напротив ја вратија негативата на само два голови (13-11), но немаа сили за ново изедначување. Германија влезе во ритам, ја зголеми предноста, во повеќе наврати истата изнесуваше и пет голови за прва победа на шампионатот.

Јоханес со седум голови беше лидер на Германија, додека Сесастијан со девет голови ја предводеше Австрија.

Standings provided by Sofascore

Норвежаните на средбата со Украинците покажаа дека се подобриот противник од самиот старат на средбата. Уште во воведот поведоа со пет голови предност, а на полувремето заминаа со позитива од 19-11 што ги направи вторите 30. минути само формалност.

Андерсон и Блонз со по седум постигнати голови беа лидери на Норвешка, додека пет голови за Украина постигна Турченко.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...