Словенија во меч со рекорд ја совлада Црна Гора, Исланд без проблеми против Италија

Во најинтересниот натпревар досега на Европското првенство во Скандинавија, во балканското дерби репрезентацијата на Словенија славеше против Црна Гора во меч со 81 погодок, 41-40. Ова беше натпревар со најмногу погодоци на еден континентален шампионат.

Двете репрезентации одиграа еден израмнет меч во кој на крајот за нијанса подобри беа Словенците. Макуц и Новак со по девет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Бранко Вујовиќ постигна 11 погодоци.

Исланд ја оправда фаворитската улога против Италија славејеќи со 39-26. Смарасон со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај Италијанците Лео Прантер постигна седум гола.

Се вчитува...